Искористениот сунѓер за садови е веројатно највалканото нешто што го имате во домот, бидејќи собира повеќе бактерии од тоалетната шоља.
Затоа, се препорачува да се менува што почесто – барем еднаш неделно.
Сепак, според една неодамнешна студија објавена во списанието за здравје на животната средина, рокот на траење на кујнскиот сунѓер може да биде до три недели, доколку правилно се одржува.
Затоа дезинфекцијата е многу важна, и тоа само на високи температури, за да бидете сигурни дека сте ги уништиле сите бактерии.
- Продолжете го животниот век на сунѓерот со соодветна дезинфекција
Треба да истурите вода во поголем тенџере, да додадете една лажичка прашок за перење или сода бикарбона, да почекате водата да зоврие и да ставите сунѓер.
По неколку минути намалете го огнот и оставете го во зовриена вода да се „свари“ уште десетина минути.
После тоа, тргнете го тенџерето од шпоретот, исцедете ја водата и оставете го сунѓерот да се исуши на сонце.
На овој начин можете да ги дезинфицирате и сунѓерските крпи за апсорпција на вода.