Јелена Малиниќ од Бач е подготвена да го отстапи сопругот на една вечер. „Многу е интересно и гарантирам интересна вечера“, стои во описот на нејзината објава на Фејсбук. Од корисните податоци, важно е да се посочи неговата „почетна цена“. Според одлуката на Јелена, тоа се 500 динари.
Патем, таа навестува дека сопругот го отстапува само за време на викендите, бидејќи тој не е присутен во работните денови. Зад ваквото одрекување стои хуман гест.
Објавата, која првично изгледа како шега, всушност е хуманитарна аукција. Нејзиниот сопруг, во телефонски разговор, ни кажа дека знаел за идејата, се согласил да учествува, дури и седел до неа кога ја давала понудата.
Всушност, за ова се договоривме со другарка ми. Таа го стави нејзиниот сопруг, а јас мојот на аукција за да í помогнеме на Милица. Требаше да се направи нешто интересно за да се активираат луѓето, за тоа да се одвива подинамично. Парите требаше да се соберат преку ноќ – вели таа за „телеграф.рс“, додавајќи дека целта е постигната.
Ниту една жена не би му го дала својот сопруг, нормално. Сето тоа е за хуманитарни цели.
Вели дека на 12-годишната Милица преку ноќ í стигнале 3.000 пораки.
–Нејзе најитно и беа потребни пари. Затоа ја избравме неа. За шест месеци, повторно ќе í бидат потребни 13.000 евра. Тоа е за последната терапија – ни рече таа.
Јелена е особено почестена со учеството на нејзиниот сопруг во изборот за најдобар сопруг во 2020 година. Таа вели дека на натпреварот учествувале уште седум хумани парови, и дека покрај секој од сопрузите, за кого гласаат преку СМС, има број на дете за кое се собира помош. Со гласањето за Златко и на тој оглас, се собираат пари за Милица.
Инаку, Милица е на сајтот на Фондацијата „Буди хуман“, таа има проблем во комуникацијата како последица на аутизам, како и заостанување во когнитивниот развој. Нејзината дијагноза í е востановена во третата година, кога родителите почнале да забележуваат проблем.
Таа воопшто не проговорила до втората година од животот, но со помош на логопедски третман, нејзиниот говор е доста разбирлив за околината.
За да може да напредува, неопходни и се средства за да и бидат извршени две трансплантации на матични клетки во странство, рехабилитација, дефектолог, музикотерапија, како и средства за развој на социјалните вештини.