Јелена Малиниќ од Бач е подготвена да го отстапи сопругот на една вечер. „Многу е интересно и гарантирам интересна вечера“, стои во описот на нејзината објава на Фејсбук. Од корисните податоци, важно е да се посочи неговата „почетна цена“. Според одлуката на Јелена, тоа се 500 динари.

Патем, таа навестува дека сопругот го отстапува само за време на викендите, бидејќи тој не е присутен во работните денови. Зад ваквото одрекување стои хуман гест.

Објавата, која првично изгледа како шега, всушност е хуманитарна аукција. Нејзиниот сопруг, во телефонски разговор, ни кажа дека знаел за идејата, се согласил да учествува, дури и седел до неа кога ја давала понудата.

Всушност, за ова се договоривме со другарка ми. Таа го стави нејзиниот сопруг, а јас мојот на аукција за да í помогнеме на Милица. Требаше да се направи нешто интересно за да се активираат луѓето, за тоа да се одвива подинамично. Парите требаше да се соберат преку ноќ – вели таа за „телеграф.рс“, додавајќи дека целта е постигната.

Ниту една жена не би му го дала својот сопруг, нормално. Сето тоа е за хуманитарни цели.

Вели дека на 12-годишната Милица преку ноќ í стигнале 3.000 пораки.

Нејзе најитно и беа потребни пари. Затоа ја избравме неа. За шест месеци, повторно ќе í бидат потребни 13.000 евра. Тоа е за последната терапија – ни рече таа.

Јелена е особено почестена со учеството на нејзиниот сопруг во изборот за најдобар сопруг во 2020 година. Таа вели дека на натпреварот учествувале уште седум хумани парови, и дека покрај секој од сопрузите, за кого гласаат преку СМС, има број на дете за кое се собира помош. Со гласањето за Златко и на тој оглас, се собираат пари за Милица.

Инаку, Милица е на сајтот на Фондацијата „Буди хуман“, таа има проблем во комуникацијата како последица на аутизам, како и заостанување во когнитивниот развој. Нејзината дијагноза í е востановена во третата година, кога родителите почнале да забележуваат проблем.

Таа воопшто не проговорила до втората година од животот, но со помош на логопедски третман, нејзиниот говор е доста разбирлив за околината.

За да може да напредува, неопходни и се средства за да и бидат извршени две трансплантации на матични клетки во странство, рехабилитација, дефектолог, музикотерапија, како и средства за развој на социјалните вештини.

ИЗВОРТрибуна
претходниот член,Првата трансродна сенаторка во САД
Следната статијаСе рушат светилишта на Абориџините заради проширување на рудник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде