Во изминатите неколку години, се поактуелни се информациите за дејноста на поединци – хумантираци или хуманитарни организации. Нивниот број постојано се зголемува, а јавноста често сведочи на објави и повик за помош на болни деца, лица на кои им требаат средства за лекување или социјална поддршка на социјално ранливи категории. 

Овие повици обично се објавуваат на социјалните мрежи, односно на личните профили на поединците – хуманитарци или на официјалните страници на хумантиратната организација.

Но во јавноста се почесто се зборува и за чести злоупотреби на средствата кои се прибираат за хумантирарни цели, но не завршуваат на местата за кои се наменети.

За тоа кој е принципот на работа на хумантирарните организации и дали познава случаи на хумантираци кои направиле злоупотреба на средства наменети за хумантирани цели, одговор побаравме кај штипскиот долгогодишен хуманитарец – Александар Георгиевски.

Тој за Мој збор истакна дека хумантирарните здруженија и хуманитарците треба да работата транспарентно и отчетно и дека треба да се достапни информации за нивната работа во јавноста.

Мојата организација досега организирала повеќе од 100 хумантирарни акции и секогаш се правеле повици за прибирање на средства во кои јасно наведуваме која е целта и намената на средствата и дејствуваме како посредници. На пример никогаш не се случило да оставиме лична сметка или трансакциска сметка на нашата организација за таму граѓаните да ги донираат средствата за хумантираната акција. Секогаш како лице за контакт наведувам близок член на семејството, на пример ако се работи за лекување на болно детенце, јас оставам трансакциска сметка на родителот и контакт од него, со цел граѓаните да имаат непосредна комуникација и со блиски членови на семејството во кое се наоѓа лицето на кое му е потребна нашата помош.

Александар Георгиевски

Според Александар Георгиевски, хумантирарните организации треба да имаат стандарди за работење со кои ќе се гарантира правилна дистрибуција на средствата и ќе се избегне нивната злоупотреба или манипулација со истите.

Александар ни раскажа и како течат градежни активноста во неговата општина што тој ги организира повикувајќи на донации од хумани луѓе. Тој во својата изјава го наведе примерот за реставрацијата на најстарата градска чешма во Штип, која меѓудругото претставува и значајна знаменитост која носи внатрешна симболика.

Јас ги повикувам луѓето да донираат, но не да ми префрлаат пари, туку да купат материјали што се потребни за реставрацијата. Така и донаторите се сигурни дека парите нема да се преиначат во нешто друго. Во градежните работи се вклучувам и јас директно, но понекогаш барам и од општината да ни отстапи вработено лице во општината кое може да обавува градежни работи и да се вклучи во процесот на реставрација. На тој начин го чувам угледот на сопствената организација и сакам луѓето кои донираат да се сигурни дека нивните средства се наменуваат за она за што се донирани, истакнува Александар Георгиевски за Мој збор.

Но овој принцип на работа за жал го немаат сите организации и хумантирарци. Често се случува да се оставаат лични сметки или сметки на организации каде се донираат пари, без достапност на увид во тоа како тие се прераспределуваат и како тие завршуваат.

До редакцијата на Мој збор пристигна информација за злоупотреба на хуманитарна дејност од страна на жител на Радовиш И.Ј кој моментално живее и работи во странство.

За овој случај порталот Мој збор ќе ги објави деталите наскоро по завршена координација со надлежните органи и обезбедување на доволен проток на информации.