Зборот „Амин“ се користи во многу религии и култури, главно на крајот на молитвите.

Неговата употреба е исклучително вообичаена, но честопати луѓето кои дури и го користат овој збот секој ден не се сигурни во неговото значење, пишува Ловесенса.

Зборот Амин доаѓа од хебрејскиот збор āmēn и опстојува илјадници години. Неговиот изговор е прилагоден на различни јазици, но значењето остана исто.

Ова е еден од првите пишани зборови во Хебрејските списи и се споменува неколку десетици пати во Библијата.

Неговото основно значење е афирмација, или амин значи дека нешто што се случило, или нешто за што се зборува, или нешто што ќе се случи, всушност значи дека е „без сомнение, навистина, неспорно“.

Амин може да се преведе како „така нека биде“ и се користи како последен вид потврда за кажаното.

Кога се користи во молитва, обично се кажува на крајот и потврдува за што сте се молеле и што сте кажале.

Овој збор симболично го претставува печатот на се што се зборува во духовна смисла, и може да се преведе како „дополнително зајакнување на тие зборови“.

Исто така, Арапите го користат зборот „амана“ што има исто значење како и амин, и според митологијата и легенди употребата на овој збор на древната египетска цивилизација и е поврзана со египетскиот бог Амон, кој понекогаш се нарекува Амин.