Денеска е Меѓународен ден на пивото. Се слави од 2007 година, секој прв петок во август.

Првично беше започнат празникот во САД, поточно во Санта Круз, Калифорнија, со цел да се прослави занаетот за подготовка.

Покрај Санта Круз, каде што е основан во 2007 година, Меѓународниот ден на пивото сега се слави во 207 градови, 50 земји и на шест континенти низ целиот свет.

Милијарди литри пиво произведени во ЕУ

Речиси 32 милијарди литри пиво што содржат алкохол се произведени минатата година во Европската унија.

Во 2020 година, ЕУ произведе и 1,4 милијарди литри безалкохолно пиво, кое содржи помалку од 0,5 проценти алкохол или воопшто нема алкохол, според Еуростат.

Европската унија произведе околу 74 литри пиво по глава на жител за една година.

Во споредба со 2019 година, производството на пиво (кое содржи алкохол) се намали за 8% во споредба со 2019 година, додека производството на безалкохолно пиво во ЕУ остана на исто ниво.

Најголем производител е Германија, со произведени 7,5 милијарди литри пиво, што е 24% од вкупното производство во ЕУ.

Со други зборови, едно од четирите пива произведени во ЕУ потекнува од Германија.

Потоа следуваат Полска, која произведе 3,8 милијарди литри пиво, Шпанија со 3,3 милијарди литри пиво и Холандија со 2,5 милијарди литри произведено пиво. Зад нив се Франција, Чешка, Романија.

Холандија е земја која најмногу извесува пиво, а Франција е европска земја која најмногу увезива пиво.

На сите љубители на пивото, денеска им посакуваме среќен празник и НАЗДРАВЈЕ!