На дури 78 отсто од Европејците им е тешко да спијат цела ноќ, предупредува СТАДА здравствено истражување, чие истражување опфати над 30.000 испитаници во 15 земји.
Спиењето е основна човечка потреба, исто како водата и храната. Третина од животот поминуваме во сон и тоа е драгоцено време за нашето тело да закрепне и да се обнови. Недоволното спиење во текот на подолг временски период може сериозно да го загрози и трајно да го оштети нашето целокупно здравје.
Затоа загрижувачки е фаткто дека еден од пет Европејци спијат непречено ноќе, а секој трет предупредува дека спие полошо сега отколку пред пандемијата Ковид-19.
Белгијците имаат најмногу проблеми со спиењето, 46% од нив тврдат дека лошо спијат. По нив следат Британците, меѓу кои 8% поминуваат непроспиени ноќи, а 35% спијат лошо.
Кога станува збор за Србија, 29% од граѓаните се жалат на лош сон, што е под европскиот просек од 35%. Холанѓаните спијат најдобро во Европа. 72% од нив својот сон го опишуваат како добар.
Секојдневните проблеми, вознемиреноста и финансиските грижи ги држат Европејците будни
Жените во Европа почесто лежат будни и размислуваат за проблеми, 38% од нив во споредба со 29% од мажите. 47% од Полјаците и 40% од Шпанците најчесто се вознемирени од секојдневните грижи.
Сепак, анксиозноста најмногу ги мачи Италијанците, а дури 42% од нив се будни ноќе поради стравови и чувство на вознемиреност. 25% од Португалците не спијат поради парични грижи. 21% од Британците имаат проблеми со мокрењето, на 18% од Германците им пречи бучавата од околината, додека 17% од Французите и 16% од Холанѓаните се вознемирени од ‘рчењето на партнерот.