Од година на година, во Хрватска има сѐ помалку ученици во прво одделение, а се проценува дека оваа година на училиште тргнале околу 10.000 деца помалку во споредба со пред 14 години.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во учебната 2005/2006 година тргнале 46.793 првачиња, а како што пренесуваат загрепските медиуми врз основа на информации од Министерството за наука и образование, точните податоци за бројот на запишани ученици во прво одделение за оваа учебна година ќе бидат познати најдоцна до 30 септември.

Министерството откри дека, според процените, годинава во првите одделенија во основните училишта ќе влезат помалку од 36.000 ученици. „Точни податоци ќе имаме дури кога училиштата ќе ги внесат учениците во базата на е-регистрите, односно до 30 септември“, објаснуваат од министерството.
Според официјалните податоци на министерството, во изминатите осум години, вкупниот број ученици најмногу се намалил во Вуковарско-сремската жупанија, потоа во Бродско-посавската, Пожешко-славонската, Сисачко-мославачката, Вировитичко-подравската и Осиечко-барањската.

Само два региона имаат зголемување на бројот на првачиња во истиот период – градот Загреб и Дубровничко-неретванската жупанија.

Коментирајќи ги овие поразителни трендови, демографот Стјепан Штерц, кој е предавач на Катедрата за демографија и хрватска емиграција на Факултетот за хрватски студии, рече дека податоците што доаѓаат со секоја нова учебна година јасно ја потврдуваат целосната сила на демографската негативност во Хрватска.

Податоците се неоспорно алармантни бидејќи се губи највредниот развоен потенцијал и го доведува во прашање идното функционирање на образовните и другите системи – вели Штерц. Тој наведе дека тоа е директна последица на постојаното намалување на бројот на родени деца и иселувањето на млади семејства со деца.

Годишното ниво на намалување на ученичката популација веќе долго време е околу 8.000 деца и тоа треба да го загрижи апсолутно секој рационален човек во оваа земја – додаде Штерц.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Најтешкиот период започнува од октомври: Се поттикнува домашното производство на струја
Следната статијаЕврпејците најмногу патат од инсомнија во споредба со другите народи

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде