Кога се случуваат лоши работи во светот или околината, некои луѓе имаат одбранбен механизам и подобро се справуваат со тие ситуации.
Причината за тоа е често гледањето хорор филмови, бидејќи има луѓе кои кога ќе се случат страшни ситуации, утеха наоѓаат во седење покрај малите екрани и гледање нешто уште пострашно, вели Колтан Скривнер, главниот автор на студијата спроведена на Универзитетот во Чикаго.
Авторите на студијата истакнуваат дека луѓето кои гледаат хорор филмови се поподготвени да се соочат со негативни емоции, катастрофи, лоши и трагични животни ситуации.
Всушност, гледајќи хорор филмови, публиката вежба за стресни ситуации и на тој начин подобро ги поднесува.
- Дали децата можат да гледаат хорор филмови?
Истражувањето на Скривнер се фокусирало на возрасните, па не е прецизно дефинирано дали децата кои гледаат страшни филмови ќе ги доживеат истите психолошки ситуации.
Сепак, справувањето со стравовите на децата им помага да бидат поотпорни, вели еден од истражувачите во оваа студија.
Од истата причина, маскирањето на децата во страшни ликови на маскенбал се смета за добро за нив, бидејќи тоа е еден вид здрав страв.
Гледањето хорор филмови е можност да се исплашиш и да почувствуваш страв и да поминеш низ таа емоција. Исто така ни овозможува да практикуваме емпатија и да заземаме позиции.
Авторите наведуваат дека децата, гледајќи ги овие филмови, градат одреден одбранбен механизам и подготвуваат реакции на одредени настани во општеството.
Сепак, одговорот на прашањето дали треба да им дозволите на децата да ги гледаат овие филмови зависи од семејството.