Дознајте кои пијалоци никогаш не треба да ги нарачувате за да избегнете ризичен контакт со бактерии.

Со ова не мислиме дека следниот пат кога ќе седнете во кафуле треба да понесете свои средства за хигиена, туку едноставно треба да научите кои пијалоци не треба да ги нарачате за да избегнете ризичен контакт со бактерии.

Едно истражување покажа дека напитокот кој сите го нарачуваме содржи најмногу бактерии, а тоа е чаша вода или газиран сок со парче лимон.

Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70 отсто, или 53 парчиња, биле заразени со бактерии.

Иако ова не е најсеопфатното истражување на оваа тема, можете сами да се уверите дека парчето лимон што го добивате во чашата е веќе однапред исечено и дека овие плодови се чуваат во пластични садови на собна температура, што е идеална средина за бактерии.

Истражувањето не го откри јасно изворот на овие бактерии, но откри дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолните пијалоци.