Научниците од Универзитетот во Питсбург спроведоа пилот студија за време на која го поврзаа зголемениот физички замор и ризикот од рана смрт кај постарите лица. Резултатите од студијата се објавени во медицинското списание „Геронтологија“, а ги пренесува порталот Sputnik.news.

Имено, по разни видови физичка активност, научниците го процениле заморот користејќи ја новата скала на замор во Питсбург, а во експериментот учествувале над 2.000 луѓе на возраст над 60 години.

Во сумирањето на резултатите, истражувачите земале предвид бројни дополнителни фактори кои влијаат на смртноста, како што се предиспозиција за депресија, неизлечиви болести, возраст и пол на испитаниците.

На крајот, заклучено е дека учесниците во студијата кои биле најуморни за време на тестот имале двојно поголема веројатност да умрат во следните две години и седум месеци во споредба со нивните врсници кои биле помалку уморни.

Претходните истражувања покажаа дека поголемата физичка активност може да го намали заморот. Нашата студија е првата која го поврзува поголемиот физички замор со неодамнешната смрт. За разлика од нив, пониските показатели укажуваат на повеќе енергија и подолг животен век – велат експертите.

Според Ненси Глин, водечки автор на студијата, за да се намали ризикот од смртност кај постарите лица треба да има барем минимално ниво на физичка активност. Глин советува редовни прошетки во воздух или вежби за постарите, пишува Sputnik.news.