Дури и да работите на комјутер, не смеете да си дозволите остатокот од денот да го поминете повторно на екран, бидејќи тоа е сигурен пат до несреќа, депресија и очај.

Седењето пред комјутер има сериозно влијание врз вашето физично, но и ментално здравје.

Еве зошто:

  • Вештачки сензации

На екранот гледате вештачки бои, оние што не се наоѓаат како прототип во природата.

Вештачките сензации ве изморуваат побрзо од природните, а константниот умор се претвора во хроничен умор и ве прави депресивни, безволни и несреќни.

  • Недостаток на физичка активност 

Можете ли да седите само 8 часа без нешто да ви го зема вниманието?

Одоговорот е НЕ.

Екранот има голема одговорност за одземање на вниманието и пренасочување од сите проблеми кои ви се случуваат со телото, крвотокот и сл.

Седењето пред комјутер долго време го намалува тансферот на кислорот до сите клетки, поради што се јавува блага болка.

Болката ви создава непријатност и е причина за несреќа.

  • Неизложеност на Сонце

Сонцето е извор на витамин Д, што е одговорен за доброто расположение.

Кога минувате часови пред комјутер, вие немате проток на сончева, туку на индустриска светлина, поради што телото страда од недостаток на витамин Д.

Неизложеноста на Сонце и недостаток на витамин Д се одговорни за вашешто „мрачно расположение“.