Да ја зголемите продуктивноста и ефикасноста во работењето многу е важно да знаете кога работите, а кога одмарате.
Работата без пауза не ве прави попродуктивни, напротив ви одзема од концентрација и внимание што лесно може да доведе до грешка, за која ќе ви треба дополнително време да ја исправите.
Затоа користете ги паузите максимално и дајте си оддишка.
Продуктивноста во работењето може да ја зголемите на следниот начин:
- Листа за тоа што треба денеска да направите
Пред воопшто да го започнете денот, направете си листа од задачи кои треба да ги завршите во текот на денот.
Како ги исполнувате работните задачи така ќе ги отстранувате од листата.
На тој начин ќе заштедите време во размислување што е следно што треба да го направите и што да ставите на приоритетно место.
Мотивацијата е поголема, бидејќи исполнувањето на задачите од листата е предизвик.
- Не прифаќајте состаноци и дополнителни обврски додека сте сосредочени на една задача
Додека работите не прифаќајте некој да ви упадне во планот. Ако не сте го предвиделе во планот, состанокот не е итен и тој може да се внесе во планот за следниот ден.
Научете ги вашите соработници да ви најавуваат однапред работни задачи наместо да ве сметаат дека секогаш сте им на располагање за кое било прашање.
На тој начин ќе им удоволите, но вашата работа ќе остане незавршена а вие ќе станете конфузен работник!