Партнерството е еден од најинтимните врски помеѓу луѓето.

Кога е регулирано со брак, тогаш брачната заедница и фактот дека е од формално-правен карактер го дефинира односот.

Но, бракот не е едиствената форма на партнерство. А во непостоењето на дефинициите за тоа како треба да изгледа партнерскиот однос, многу луѓе губат ориентација.

Во суштина секое партнество е различно, но постојат универзални услови за тоа да се квалификува како добро и долготрајно партнерство.

Еве кои се основите:

  • Договор 

Помеѓу вас постои договор до кој лесно стигнувате, но и кој во пракса се имплементира.

Доколку ви е лесно да се договорите, но договорот никогаш не се исполнува поради лабилноста и лежерноста од една страна, тогаш имате само празни ветувања.

Важно е брзо да постигнувате компромис, но и да се придржувате цврсто до него.

Во спротивно непочитувањето на договорот значи одземање на туѓата слобода, поради поголемо простирање на сопствената и е крајно себично!

  • Преземање на обврски 

Партнерството не значи само уживање на права, туку и преземање на обврски.

Секој има свои обврски кои треба доследно да ги исполни.

Ако постои префлање на обврските, тогаш постои и непочитување и загрозување на туѓите права.

Затоа едно добро партнерство се карактеризира со поделба на обврски и нивно доследно извршување.

  • Ред и организација

Опстанувањето во една заедница значи да ви се задоволени сите потреби согласно пирамидата на Абрахам Маслов.

Воедно треба да ви се задоволени и потребите за мир и безбедност.

Постигнувањето на мир и безбедност не може да се случи ако нема ред и организација.

Ако секој нареден ден ви е непредвидлив тогаш ви е нарушен мирот и се чувствувате небезбедни од надворешни околности.

Кога секогаш нешто ви зависи од надворешните услови, а не од вашата одлука, тогаш порано или покасно ќе избегате од непријатната зона.

Никој не сака да биде во стресогена средина.

За добро партнерство треба да ги прилагодите условите на себе, а не себе на условите!