Тaa е исклучително богатa со витамини и минерали. Содржи голем процент на витамини Ц, Б, бета-каротен, како и калциум, магнезиум, фосфор и железо.

Диња и здравје

Сокот од диња ја стимулира функцијата на бубрезите, го регулира крвниот притисок, а високото ниво на влакна помага при варењето на храната.

Можете да го јадете колку што сакате, а ова се причините зошто треба да го јадете што почесто.

Дињата не дебели, па затоа е идеален оброк доколку сакате да изгубите тежина – 100 грама диња содржи само 34 калории, па може да биде одлична закуска во текот на летните месеци.

Поради големата количина на витамин Ц, кој е важен за производство на колаген, дињата делува поволно на изгледот на кожата на лицето и телото.