Односот на другите кон вас, во голема мера го одредувате вие, со одобрување или неодобрување на нивните постапки.

Секогаш треба јасно да покажете кои постапки кон вас не ги одобрувате од страна на другите, но на дидактички прецизен начин.

Не треба да си дозволите, лутината и бесот да надвладејат, бидејќи на тој начин се ставате во позиција на контролиран субјект, а вашиот контролор има целосна власт врз вашето расположение и емоции.

Неколку достоинствени начини да покажете неодобрување и да поставите граница во еден однос:

  • Игнорирање

Игнорирањето или екскомуникацијата е најдобар начин да покажете морална осуда.

Не обрнувајте внимание на туѓите постапки и не се обраќајте на лицето за кое сметате дека треба да му дадете до знаење дека ја нема таа слобода кон вас, што одлучил сам да си ја даде.

  • Апатија

Многу од луѓето се обидуваат да ве „фатат“ на емоции. Не им дозволувајте емотивно да ве манипулираат и останете ладни.

Апатијата можеби ќе ве направи нелагодни за околината, но ќе ви го обезбеди сопствениот мир.

  • Објаснете ги своите принципи

Покрај индиректните начини да покажете неодобрување на нечиј однос кон вас, може да бидете и целосно директни.

Отворено поставете ги границите кон вас, преку „ЈАС“ пораки.

Не почнувајте со – ти си даваш премногу за право кога е мојот живот во прашање.

Обидете се да го кажете истото тоа на поефикасен начин – Јас не дозволувам никој да ми се приближува на таков начин, тоа е моја одлука и мое приватно поле.