Познато е дека Французите јадат многу сирење и пијат многу црвено вино.
Полномасните сирења содржат голем процент на мрснотии, што значи дека Французите реалитвно многу јадат мрсна храна.
Сепак она што ги прави витки и им го чува срцевото здравје, е една чаша црвено вино кое го пијат додека јадат.
Тајната на добрата комбинација помеѓу мрсната храна и црвеното вино се нарекува „француски парадокс“.
Со однос на тоа дека Французите се големи уживатели на вино кое е силен алкохол и на мрсна храна, би требало да имаат проблем со гојазност и со голема стапка на срцев или мозочен удар.
Сепак фактите говорат поинаку, Франција е земја во која има најниска стапка на срцеви и мозочни удари и мал број на луѓе со гојазност.
Нутриционистите веруваат дека состојките во виното, односно добрите бактерии се заслужни за добар метаболизам и ефикасно варење на храната.