Виц е подарок што може да ги придобие луѓето, а колку е важно тоа во партнерствата, истражуваше Џефри Хол од Универзитетот во Канзас.

За 30 години, тој направил дури 39 студии, во кои учествувале повеќе од 15.000 луѓе, и открил дека хуморот е клучен за градење успешна врска меѓу паровите и дека партнерите треба да имаат слична смисла за хумор за да воспостават добра комуникација.

Провокација?

Авторот на истражувањето предупредува дека ако сериозно ја сфатите добронамерната провокација на секој партнер, тоа може да има лошо влијание врз врската.

Хумор не е кога ќе направите шега од сè.

Луѓето велат дека сакаат нивните партнери да имаат смисла за хумор, но тоа е широк концепт – истакнува Хол.

Ако мислат дека можат да направат шега од сè, на тоа не ќе опстане врската. Хуморот во овој случај е поврзан со задоволството од врската што парот ја развива заедно. 

Во друга студија, авторот наведува дека можноста да се насмее некој близок гради безбедност кај партнерите.

Заедничката смеа е важен показател за привлечност меѓу потенцијалните парови, но тоа не значи дека треба да се потсмевате на партнерот или да го правите тоа преку смеа.