дома информација Садизам над животни – транспорт на коњ во приколка – кафез (ФОТО)

Садизам над животни – транспорт на коњ во приколка – кафез (ФОТО)

1134
0

Транспортот на домашните животи низ Македонија се одвива по локални патишта често со несоодветни средства за превоз на животните.

Ова невообичаена глетка ја открива позицијата на луѓето кон животните и начинот на кој тие се третираат. Имено, најверојатно сопственикот на приколката затворил коњ во тесна приколка, оневозможувајќи го неговиот излез со решетки и друг тип на барикади додека коњот стои во приколката која се движи постојано и се обидува инстинктивно да одржи рамнотежа.

Домашните животни кои се одгледуваат за одреден добиток се одгледувани во многу некомпатибилни за нив услови, а често и се жртви на насилството на нивните сопственици.

Антропоцентричноста на луѓето оди до таму да тие на животните гледаат како на своја сопственост и дека со нивната сопственост можат да се однесуваат без да понесат одговорност за нивниот нехуман и често садистички пристап кон животните.

Постојано зборуваме за права и слободи како категорија, можеби е време да почнеме да зборуваме и за права на животни и вакви бизарни постапки на несвесни одгледувачи на животни строго да се санкционираат како би ги заштитиле животните од понатамошно насилство.

Извор: Мој збор

претходниот член,Залудно носите маски доколку не се тип на маски кои штитат од пренесување на вируси
Следната статијаУтрински мудрости наместо шоља со кафе

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде