Инспекторите на Пазарниот инспекторат викендов поднеле 22 кривични пријави за непочитување на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти.

Осум кривични пријави се поденсени во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран и по една кривична пријава на Пониква и во Маврово.

Кога станува збор за недозволено сместување гости во Охрид, викендов инспекторите затекнале само четири такви случаи.

Се контролираат исклучиво категоризираните објекти односно пријавните станоиздавачи, оние субјекти кои остваруваат приходи од сместување туристи.

За време на полициски час кој беше воведен како мерка за спречување на ширењето на КОВИД19 за време на викендов се забележа појава на масовно напуштање на домовите од страна на Скопјани и нивно заминување кон Охрид и другите градови низ Македонија каде што рестрикциите со забраната за движење се помали.

Извор: telma.com.mk

Целата вест може да ја прочитате тука