Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно е во центарот на интерес за регионот поради картата на „Голема Унгарија“, која ја постави на споменик со спомен плоча, а во која има и делови од денешна Србија.

На споменикот што Орбан го отвори на 4 јуни на границата на Унгарија и Словачка по повод стогодишнината од потпишувањето на Договорот за Трианон, се наоѓа спомен-плоча со мапа на Унгарија од времето пред распадот на Австро-Унгарската империја, во која спаѓаат Војводина и други делови на Србија, Хрватска и Словенија,Словачка, Австрија, Романија, Украина.

Договорот од Трианон беше потпишан непосредно по Првата светска војна во палатата Тријанон во Версај, а неговите одредби ја намалија унгарската територија за две третини по распадот на Австро-Унгарија.

Имињата на вкупно 12.500 градови, села и општини кои припаѓале на Унгарија и Австро-Унгарија до 1920 година, се врежани со букви од не’рѓосувачки челик на споменикот. Владата на Орбан му плати 16 милиони евра, а во центарот на комплексот гранит, Споменикот на националното единство, гори вечен пламен.

Целата вест на novosti.rs може да ја прочитате тука