АКО ОДБЕРЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ЖИВОТ БЕЗ СТРАВ,
ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА СЕКОЈ ИСХОД ВО ЖИВОТОТ Е СОВРШЕН
ЖИВОТОТ Е ПРОЦЕС, А НЕ НАСТАН
„Јас верував дека не секогаш настаните ќе се одвиваат точно како што сакам, но и исто така верувам дека ќе бидам добро. Предизвиците со кои се соочуваме во животот се секогаш лекции кои служат за раст на нашата душа“. – Маријана Вилијамсон
Не познавам ниту една личност која нема страв, нели? Знаејќи го ова, се наметнува прашањето: Кои се вашите примарни стравови? Дали сте свесни за нив? За да живееме без страв, мора да веруваме во каков и да е резултат во животот, кој е совршено оркестриран за наше највисоко добро. Се потсетив на една прекрасна приказна од покојниот духовен учител и психотерапевт Ентони де Мело, кој објасни дека иако стравот нè штити, тој исто така нè држи заробени и несигурни: „Како да се ослободам од стравот?“ „Како може да се ослободиш од она за што се држиш?“ „Мислиш дека јас навистина се држам до своите стравови? Не се согласувам.” „Разгледајте од што ве заштитува вашиот страв и ќе се согласите! И ќе ја видиш својата наивност“.
Стравувањата на повеќето луѓе се однесуваат на: финансиски прашања, сигурност и безбедност, љубовна врска или кариера. Природно е да се имаат овие стравови, иако кога тие ќе го наметнат нашиот начин на живот, ние сме оставени на милост и немилост, и неизбежно е дека ќе им подлегнеме. Ова е случајот кога ќе престанеме да живееме затоа што нè управуваат нашите стравови. Дозволете ми да објаснам што сакам да кажам, бидејќи може да биде погрешно разбрано. Сè што ни се случува има поголема цел во нашиот живот. Јас не се повикувам на Бога, ниту на религијата, но сугерирам дека има поголем план кој не може да биде очигледен во време на настаните. Ако погледнеме наназад во нашиот живот, ќе забележевме дека секој настан се проткајува за да создаде богата таписерија од наративот на нашиот живот. Бидејќи животот го доживуваме ние, може да се чувствува како нашите предизвици да се трајни. Сепак, не гледаме како се одвива целата слика затоа што сме вовлечени во драмата и ја пропуштаме можноста да видиме како тоа може да доведе до нешто поголемо.
Дали ова досега ви има смисла? Се надевам дека е така, затоа што вреди да се признае дека животот е процес, а не настан. Сега, понекогаш се случуваат ужасни несреќи каде што луѓето ги губат своите најблиски и можеме да прашаме како ова е совршен исход. Имено, како е можно да се смета дека загубата на некого од болест, особено мало дете се смета за совршен исход? Овие се разумни прашања што го мачат човештвото со векови. Не знам зошто се случуваат овие настани и зошто некои луѓе преживуваат, а други не. Оваа дилема ги збунува филозофите со векови и нашироко се дискутира дали постои семоќен Бог кој се гледа и кој претседава со нашите животи. За сега, да ги разгледаме настаните кои не се така катастрофални, како на пример, не добивањето на унапредување на работа или случајот да вашата сакана не сака повеќе да се омажи за вас. Во овие случаи, може да има нешто повеќе што се крие под површината за да се развие комплетно целата приказна. Имено, нешто добро може да произлезе од навидум непожелна ситуација ако бидеме внимателни и не го сметаме за најлошото сценарио.
Јас сум бил сведок на ова во мојот живот и на оние што ги тренирав низ годините. Несреќните или непредвидени настани може да се претворат во прекрасен благослов ако сме стрпливи и чекаме да се открие сликата. На пример, се сеќавам дека работев со клиент чија свршеница одлучи да ја прекине својата венчавка во последен момент откако беа заедно со години. Искуството беше срцепарателно бидејќи тој никогаш не го очекуваше тоа, особено од неговата сакана. Откако се опорави од трагедијата, се пресели во странство за да работи каде уживаше во прекрасното време во својата нова околина. Тој запозна убава жена и се дружеше некое време пред да ја запроси и наскоро се ожени. Подоцна ми спомена дека неговиот претходен раскин се покажал како најдоброто нешто што се случило затоа што го принудило да се пресели во странство и да се сретне со она што тој го опиша како љубовта на својот живот. Да беше зафатен во разорниот шаблон на самосожалување, тој никогаш немаше да ја искористи шансата и да ја запознае својата сопруга.
Што е со вас, дали сте имале слични искуства во вашиот сопствен живот? Иако можеби не е поврзана со врска, размислете за оние искуства каде што се ви се чинело безнадежно, но како поминало некое време, се си дошло на место и се покажало дека е најдоброто нешто што се случило. Да живееме без страв, треба да веруваме дека секој исход служи за поголема цел во нашиот живот. Понекогаш одговорот може да не дојде веднаш затоа што вклучува одење на патување за да го откриете. Затоа ме привлекува пораката од Толтек, на авторот Дон Мигел Руиз, кој пишува во Трите прашања: Како да ја откриете и совладате моќта во вас, како нашите ирационални стравови имаат начин да ја обликуваат нашата реалност ако им подлегнеме на нив: „ Стравот имаше голем ефект врз начинот на кој научивме да го гледаме светот. Физичкиот страв е природен и суштински за нашиот опстанок, но важно е да се запамети дека ирационалниот страв не е. Ирационално е да се плашиме од она што не постои. Всушност, тоа може да предизвика вистинска штета. А сепак научивме да дозволиме ирационален страв да ја обликува нашата реалност. Нас не научиле да реагираме емотивно на начини на кои прават другите луѓе и да се плашиме од тоа што само го замислуваме “.
Иако е тешко да ги замолчиме нашите стравови, можеме да ја направиме следната најдобра работа, како што објасни авторката Сузан Џеферс во нејзината популарна книга: Почувствувајте го стравот и направете го тоа како и да е. Прифатете ги нашите стравови и преземете акција знаејќи каков и да е резултатот, тој е совршено среден за наше поголемо добро. Признаваме што и да се одвива, ќе бидеме во ред затоа што го преживеавме секое искуство до сега. Можеби суштински, животот не е толку во заборавање на нашите стравови, туку во учење да ги прифатиме и да живееме ХРАБРО. Тоа е како да живеете со анксиозност: човек никогаш не го надминува тоа целосно, туку се учи да ги намали доживувањата. Значи, ако размислиме од што нè штитат нашите стравови, како што сугерира приказната на Ентони де Мело, сфаќаме дека нашите мисли се причина за нашите проблеми, а не за самите настани. И, ова е во наша моќ да укинеме.
Извор:
https://medium.com/the-mission/if-you-want-to-live-without-fear-trust-that-every-outcome-in-life-is-perfect-cafd98b490e5