Вицепремиерката за здравство Татјана Голикова присуствуваше на презентацијата на проектот на државната авиокомпанија „Аерофлот“, која започна обука за кучиња што можат да детектираат коронавирус.

Петнаесет кучиња шалајка (хибрид од чакали и лајки, раса на ловџиски кучиња од Сибир, создадена пред две години) кои имаат особено развиено чувство за мирис се обучени од јуни за откривање лица заразени со корона вирус.

„Овие примероци содржат мал број ДНК на ковид-19 што има специфичен мирис“, објасни извршниот директор на Аерофлот, Виталиј Савељев.

Кучињата ќе можат да ги детектираат заразените од КОВИД-19 со душкање на заштитната маска на патникот или примерокот од нивната плунка. Тој прецизира дека првите резултати од проектот ќе бидат познати во декември.

Извор: Канал5