дома информација вест Еве која категорија на родители имаат право на отсуство од работа

Еве која категорија на родители имаат право на отсуство од работа

956
0

Mерката за ослободување на родители од работа се уште важи за еден од родителите на деца кои биле згрижени во градинка.

Ова е во важност до донесувањето на следната владина одлука по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Ако двата родители се вработени, а нивното дете претходно посетувало градинка еден од родителите има право на отсуство.

Во случај кога не се вработени и двата родитела и грижата за детето може да ја преземе барем еден од родителите, во случај кога детето не посетува градинка, тогаш родителот кој е вработен нема право на барање за одлободување од работа.

Извор: Министерство за труд и социјална политика