Еве која категорија на родители имаат право на отсуство од работа

1242

Mерката за ослободување на родители од работа се уште важи за еден од родителите на деца кои биле згрижени во градинка.

Ова е во важност до донесувањето на следната владина одлука по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Ако двата родители се вработени, а нивното дете претходно посетувало градинка еден од родителите има право на отсуство.

Во случај кога не се вработени и двата родитела и грижата за детето може да ја преземе барем еден од родителите, во случај кога детето не посетува градинка, тогаш родителот кој е вработен нема право на барање за одлободување од работа.

Извор: Министерство за труд и социјална политика