Владата најавува имплементирање на проект за снабдување со електрична енергија преку обновливи извори, а реализацијата на проектот треба да заврши во 2024 година.

Преку проектот треба да се постигне пониска цена на електричната енергија, помал увоз и повеќе домашно производство на електрична енергија, како и заштита на средината од отпади и издувни гасови.

Меѓудругото, владата најавува е мрежа на природен гас низ земјата кој треба да ги снабди потребите за топлинска енергија.

Просториите за колективно домување и стамбените згради ќе бидат стимулирани да постават централен колективен систем на греење на гас, со што ќе се заштеди потрошувачката на електрична енергија за топлење на стамбените простории.

Комуналниот отпад исто така ќе биде селектиран и дел од него ќе се употребува за производствени цели на електрична енергија.

Извор: МИА