Постои една помалку комична, помалку стереотипна изјава дека кога жена ќе ви каже добро, тогаш ништо не е добро.

Но, секако тоа правило не се однесува само на жените, туку на човештвото општо.

Многу често ни се случило на секој од нас да кажеме добро за некоја изјава, упатен збор кон нас, зададена задача од менаџерот, или да замижиме пред некоја неправда изговарајќи „добро“.

Во моментот кога го изговараме тоа „добро“, нашите емоции ни сугесрираат нешто сосема спротивно.

Ние знаеме дека не е добро, но зошто изговараме „добро“ на глас?

dobro i zlo
Во секое добро постои уште поголемо добро, а во секое зло постои можност за уште поголемо зло!
  • Прекинување на ширење на злото

Со изговарање „добро“ ние впрочем не сакаме да го рекреираме она што веќе се случило и да направиме обрт од зло во добро.

Напротив свесни сме дека не можеме да ја исправиме неправдата и она што веќе се случило.

Но можеме да го спречиме, а нашето потсевесно верување е дека, сигурен начин да го спречиме ширењето на злото е да извикуваме „добро, добро, добро“.

На пример, замислете ситуација во која некој е бесен и посегнува по некој друг или нешто друго. Луѓето кои се обидуваат да го смираат му изговараат „добро е, добро е“ во неколку наврати.

Дали мислите дека тоа го прават да констатираат состојба (Добра е фактичката состојба) или да му укажат дека „настапува доброто“ и дека треба да престане со демонстрирање на зло?

Секако прашањето е реторичко, а одговорот е доволен да ни посочи дека единствениот начин да се стави точка на злото, никогаш не е поголемо зло, туку доброто.

Затоа христијанството не учи да го свртиме и другиот образ и кој по нас со камен, ние по него со леб.

Едноставно ако се одмаздуваме и одговориме со поголемо зло, само го продолжуваме растот на злото.

Она што треба да го направиме сите по етичка должност е да го раскинеме тој ланец, односно да го повикаме доброто!

Автор: Магдалена Стојмановиќ