Најновиот кујнски тренд кој масовно се шири на интернет е ставање мраз во чинија со храна пред да се стави се во микробранова печка да се загрее, а многумина се запрашаа за што служи.

Овој трик најчесто се користи при загревање на оризот – на него ставете коцка мраз, а потоа хартиена крпа.

Според The ​​Sun, коцките мраз создаваат пареа кога ќе се стопат и така лесно го загреваат оризот и му даваат вкус и текстура како штотуку да е сварен.

Трендот го започна една од најпознатите гастро Тиктокерика Емили Марико уште во септември минатата година, а до ден денес го пробаа многу корисници во различни јадења.

Сепак, како што тврдат, најдобро делува на оризот и сличните намирници како булгурот, јачменот, киноата …