Во зимските денови во повеќето домови не се отвораат прозорците поради греење. Исто така, грејната сезона доведува до дехидрација на воздухот, што може да биде причина за многу респираторни проблеми.

Затоа е многу важно воздухот да не е сув и тежок, туку влажен. Иако постојат различни апарати кои можат да го направат тоа, влажноста може да се постигне на поедноставни начини.

Најлесен начин да постигнете влажност е да ставите мало керамичко тенџере во кое сте полиле вода на радијаторот.

Доколку немате соодветен сад, можете да ставите и обична чаша со вода.

Доколку сакате и да го освежите воздухот, додадете во водата неколку капки есенцијално масло од лимон, еукалиптус, лаванда или нане.

Покрај овој едноставен трик со сад со вода, може да помогне и памучна крпа натопена во вода, која само ја натопувате на топол радијатор.

Доколку имате дневна соба која е поврзана со кујната, тогаш толку голем простор можете да го освежите со помош на шпорет.

Истурете вода во тенџерето, додадете кришки лимон и портокал и оставете го на тивок оган да се крчка кога ќе зоврие Пареата ќе ја подигне влажноста на воздухот, а мирисот на цитрус ќе ве расположи.