Позитивното размислување се случува на потсвесно ниво, а ние сме свесни само за неговите делови.

Протокот на мисли нема почеток и крај, мислите постојано се менуваат и ние немаме контрола врз нив.

Од време на време мислите излегуваат на површина и тогаш сме свесни за нив.

Оние мисли за кои не сме свесни, како и неколкуте за кои сме свесни, одредуваат како ќе одиме низ животот, како оптимисти или како песимисти.

Придобивките од позитивното размислување, кои се потврдени со истражување:

  • подобра концентрација и креативност,
  • полесно справување во социјални ситуации,
  • помала склоност кон зависност од цигари, дрога, алкохол и други,
  • продолжен животен век, како и подолго зачувување на младешкиот изглед,
  • намалена појава на депресија и вознемиреност,
  • посилен имунитет,
  • позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем.

Ако сакате да направите нешто за себе, не ја менувајте фризурата или не купувајте нова маичка, променете го протокот на мислата, тоа е многу повредно.