Доколку правите свадба ви следуваат три слободни денови, а доколку сте станале татко, тогаш добивате два дена според закон.

Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот.

Работникот има право на платен одмор заради склучување на брак, раѓање на дете, што се однесува на таткото, или смрт на близок роднина, до седум работни дена.

Ова е табелата за според општиот колективен договор.

– за склучување на брак…………………………….. 3 дена
– за склучување брак на дете……………………… 2 дена
– за раѓање или посвојување дете……………….. 2 дена
– за смрт на сопружник или дете………………… 5 дена
– за смрт на родител, брат, сестра……………….2 дена
– за смрт на родител на сопружник…………….. 2 дена
– за смрт на дедо или баба…………………………… 1 ден
– за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до.…………… 3 дена
– за елементарни непогоди до……………………. 3 дена