Правиме огромна грешка кога наместо вода, пиеме друг тип на течности, особено засладени и газирани пијалоци или алкохол.

Водата има незаменливи својства, а препорачливо е да пиете само вода и да избегнувате што е можно повеќе друг тип на течности.

Во водата се содржани голем број на минерали како што се натриум, калциум, хлориди, селен, сулфати, флуориди, калиум и секако магнезиум.

Сите овие минерали се губат кога водата се користи како база за индустриски преработени пијалоци.

Индустриските пијалоци содржат додатоци како шеќер или јаглерод диоксит и се подложни на филтрирање, а при процесот на индустриска обработка многу од минералите што ги внесуваме најмногу преку водата исчезнуваат.

  • Чај наместо вода

Иако некои лекари ќе ве советуваат да пиете чај без шеќер наместо вода поради надоградениот состав од билките, сепак и чајот не е добар супститут на водата.

За подготовка на чајот потребно е водата да зоврие.

При зовривање на водата голем број на минералите при менување на агрегатната состојба на водата и под висок притисок и температура се претвораат во сув остаток и се лепат по површината на садот.

На тој начин наместо во вашиот организам, завршуваат на садот и вие сте осиромашени од внесување на минерали.

Чајот може да се пие, но не наместо вода. Туку дополнително откако ќе внесете барем 1,5 литри вода на ден!