Веројатно сте биле сведоци безброј пати, како во филмовите, така и во реалниот живот, кога мажот клечи пред својата избраничка и ги изговара познатите зборови: „Сакаш да се омажиш за мене?“

Обичај е кутијата во која се наоѓа вереничкиот прстен да биде во левата рака, а со десната да се отвора додека се кажува судбоносното прашање.

Овој обичај е присутен во речиси секоја нација во светот – дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува и која е неговата симболика?

Една студија на страницата „Библија за веренички прстен“ дошла до заклучок дека оваа традиција има свои корени дури и во средниот век!

Имено, тогаш витезите клекнале пред своите господари за да ја покажат својата лојалност и почит. Во многу религиозни обреди, ова беше вообичаена работа, и бидејќи бракот и религијата беа тесно поврзани пред многу векови, овој гест се префрли на машко-женските односи. Така, витезите клекнале кога ги молеле своите дами или кога им изјавувале љубов.

Спуштајќи се на едно колено, мажот го покажува нивото на почит кон својата идна сопруга. На тој начин и вели дека ја почитува – објаснува експертот за организација на венчавки Кејт Вилијард