Следете го развојот на три растенија. На растението од едната саксија обраќајте му се со убави зборови секој ден, галете му ги листовите и насмевнете му се секогаш кога ќе се приближите до него.

На растението од втората саксија, обраќајте му се со погрдни зборови, навредувајте го и секогаш намуртени приоѓајте кон него.

На растението од третата саксија само турајте му вода и бидете целосно рамнодушни кон него, како да не постои.

По извесно време ќе забележите дека најспоро ќе напредува растението кон кое сте рамнодушни. Значи не она кон кое покажувате негативни емоции, туку она кон кое не покажувате никаква емоција.

Така е и со луѓето, злите јазици најдобро се надминуваат со игнорирање. Луѓето кои ве коментираат лошо, имаат потреба од вашето внимание, ако им возвратите на ист начин, со погрдни зборови, тие ќе се хранат и ќе растат заедно со своето зло.

Но ако ги игнорирате, тие ќе се смалуваат и во ваши очи, а потем и во свои.

Најдобар начин да не го стимулирате напредокот на злото е да го игнорирате.