Луѓето кои имале Ковид-19 најверојатно нема да бидат повторно инфицирани во период од најмалку шест месеци по првата инфекција, според британското истражување меѓу здравствените работници кои се во првите редови на борбата против епидемијата.

Откритието може да увери повеќе од 51 милиони луѓе ширум светот кои досега биле заразени со вирусот корона, велат истражувачите од Универзитетот Оксфорд.

Ова е навистина добра вест, бидејќи можеме да бидеме сигурни дека, барем на краток рок, повеќето луѓе кои имале ковид-19 нема да се заразат повторно, рече Дејвид Ејр, професор на Универзитетскиот оддел за јавно здравје и еден од авторите на студијата.

Изолираните случаи на повторна инфекција со новиот вирус на корона предизвикаа страв дека имунитетот трае кратко и дека пациентите кои се опоравиле наскоро може повторно да се разболат.