Трилиони мали суштества живеат во нашите црева – и конзумирање на точна количина на „добри“ бактерии за враќање на рамнотежата во организмот е клучно за целокупното здравје.
Но, што се случува со нашето тело кога ќе почнеме да земаме пробиотици? На кратко – многу.
Овие живи микроорганизми можат да го подобрат варењето на храната, да го одржуваат имунолошкиот систем во добра состојба, да го контролираат воспалението, да помогнат во разградување и апсорбирање на одредени лекови, па дури и да влијаат позитивно на расположението.
Ако преку вашата исхрана не добивате доволно пробиотици од ферментирана храна како јогурт, кефир или кисела зелка, земањето на додатокот е едноставен и ефикасен начин да останете здрави.
Д-р Џош Аке, клинички нутриционист, препорачува земање на пробиотички капсули на празен стомак или непосредно пред спиење – приближно 2 до 3 часа по последниот оброк.
Постојат многу различни видови на пробиотици, а изборот на вистинскиот за вас ќе зависи од вашите цели. На пример, утврдено е дека одредени видови се ефикасни во лекувањето на егзема, додека други се погодни за луѓе со синдром на нервозно дебело црево.
Важно е да разговарате со вашиот лекар пред да започнете со пробиотици.