Кејт Кесиди изгледа дека повторно пронашла љубов околу година и пол по трагичната смрт на нејзиното момче Лијам Пејн, кој се прослави како член на бендот „One direction“.

Во две видеа на ТикТок, објавени денес и минатиот викенд, инфлуенсерката може да се види како танцува со мистериозен маж по име Мајкл, кој ја подига и ја врти во прегратка. Во второто видео, како музичка подлога се користи песната „Хоуплесли Дивоутед ту Ју“, што дополнително ги поттикна шпекулациите за нова романса.

Мајкл неодамна отворил и свој профил на ТикТок, каде засега има објавено едно селфи-видео со Кејт.

Фото: Инстаграм

Трагедијата што ја обележа нејзината претходна врска се случи во октомври 2024 година, кога Пејн почина по пад од балкон на хотел во Буенос Аирес, Аргентина. Имаше само 31 година. Кејт тогаш била во Аргентина со него, но се вратила во САД пред несреќата.

„Љубовта е многу оптимистична и секогаш се надеваш дека на крај сè ќе заврши добро“, изјави таа подоцна за „Сан“. „Да знаев што ќе се случи, никогаш немаше да ја напуштам Аргентина.“

По неговата смрт, бројни почести пристигнаа од поранешните членови на „Уан Дајрекшн“, меѓу кои Хари Стајлс и Зејн Малик. Кејт подоцна напиша и емотивна порака на Инстаграм, опишувајќи ја болката од загубата како нешто што не може целосно да се изрази со зборови.