Вакцинацијата со руската вакцина „спутник v“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Вакцините ќе пристигнат утре на скопскиот аеродром.

Ги добивме од руската компанија сите потребни документи, и во текот на викендов, многу веројатно е дека во среда ќе почне вакцинацијата, а утре ќе пристигнат на аеродромот во Скопје во 14 часот – кажа Филипче.

Тој претходно најави дека првин ќе пристигнат 3.000 вакцини од Русија.