Во работата трошиме скоро половина време од нашиот живот, другата половина се сите другите активности заедно.

Тоа ви покажува колку треба да ви е важно да создадете пријатна работна атмосфера и да си го зголемите чувството на пријатност.

Не бидете уште еден од оние луѓе кои едвај чекаат да ги завршат задачите и да се ослободат, бидејќи се друго им е поважно.

Напротив потрудете се да уживате во работата и во вашиот личен напредок, така нема да мора да работите ниту една секунда од вашиот живот, туку бесконечно ќе се забавувате.

Еве како да ја поттикнете пријатност додека сте на работа:

  • Обележете си го работниот простор

Работниот простор е многу важен, па затоа обележете го со свои лични работи.

Ако работите на биро, донесете си ја омилената шоља за кафе, работен прибор, резервна облека или мини библиотека.

На тој начин ќе се чувствувате како да сте на „ваше“ место и дека тоа е ваше катче, каде што вие го имате главниот збор!

  • Бидете коректни со вашите колеги

Гледајте си ја својата работа, но бидете љубезни со вашите колеги.

Не правете им сплетки, не се служете со нечесни игри и секако не паѓајте на провокации доколку ги има.

Останете доследни на себе и фокусирајте се на важни работи – како да постигнете успех при работењето!

  • Прифаќајте задачи од вашите претпоставени

Не давајте отпор на прва, потрудете се да разберете што се бара од вас и зошто.

Односот со претпоставените е многу важен, а од него зависи колку доверба ќе стекнете.

Секако не треба да бидете полтрон, имате право да кажете ваше мислење и да ги соопштите проблемите со кои се соочувате при извршување на работните задачи.

Сепак, не се фокусирајте толку на проблемите, важно е да најдете решение.

Бидејќи добрите работници наоѓаат решенија, мрзеливите наоѓаат проблеми.

Наоѓањето решенија сфатете го како предизвик, ќе ви биде забавно!