Умерен внес на алкохол е оној од 12 до 14 едници на неделно ниво, при што треба да ги распоредите така што ќе ги испиете во три дена најмалку, а не сите во еден ден.

Според лекарите, 12 едници за жени и 14 единици за мажи е безбедно пиење на алкохол, но не значи дека нема никакви последици по вашето здравје.

На пример во една кригла пиво 0,33 има 2 алкохолни едници, во една чаша црвено вино од 0,176 има исто така две едници алкохол.

Во една мала чашка, жесток пијалок има една мерна едница алкохол.

Во секој случај, повеќе од 12 до 14 мерни едници се смета за сериозно по вашето здравје.

Постои тврдење дека чаша црвено вино може да помогне во дигестијата по јадење на мрсна храна.

Точно е дека црвеното вино содржи состојки кои може да ви помогнат во дигестијата, согласно „францускиот парадокс“, но една чаша вино има приближно 180 калории.

Најмалку калории всушност има во чаша вино, сите други мерни едници за пијалоци содржат и повеќе калории.

Зошто не треба да пиете алкохол ако сте на диета?

Освен тоа што содржи многу калории, бргу го качува шеќерот во крвта, но и бргу го спушта.

Кога ќе испиете чаша пиво, на почетокот се чувствувате сити, иако може претходно да сте биле „мртви гладни“.

Но бргу по тоа ќе почувствувате абнормална глад и веројано ќе изедете повеќе од обично.