Социјализацијата е процес преку кој една единка се поготвува за живот во општество. Преку социјализација индивидуата ги учи улогите и правилата на заедница.

Често зборуваме за луѓе кои се некултурни и несоцијализирани, во контекст на негативни појави. Но постои и страдање од преголема социјализација и пребогат социјален живот. А еве како се манифестира:

two men and four women meeting in office
Претераното интегрирање во група носи и големи последици по личниот развој на поединецот со тоа што тој ги става личните интереси зад групните, го забавува сопствениот индивидуален развој

Намалување на имунитет

Ако имате премногу обврски на дневно ниво, многу контакти и постојано сте изложени на туѓи влијанија и присуства, тогаш минутите резервирани за одмор и релаксација веројатно ви се одбројани.

Недостатокот на одмор може сериозно да влијае во насока на намалување на вашиот имунитет.

Губење на контрола

Луѓето кои често се во друштво со други луѓе и немаат време да си посветат себе си и да си ги сосредочат своите мисли и ум, имаат проблем во контолирање и предвидување на своите реакции.

Често може да реагираат поинаку отколку во опуштен амбиент кога имаа целосна контрола над своите постапки.

Проблеми со артикулација

Луѓето кои многу време поминуваат во друштво со други луѓе тешко може да се доведат во состојба на интроспекција и јасно да ги артикулираат своите мисли.

Сакале или не, порано или подоцна луѓето спонтано почнуваат да го прифаќаат јазикот на другиот и да се трудат себе си да се изразат преку другиот.

Емоционална зависност

Луѓето кои имаат потреба да се групираат, често и повеќе се врзуваат со луѓето со што им се нарушува емоционалната зависност.

Туѓите постапки и искуства значително може да влијаат врз пресоцијалниот човек и во ситуации кога тој не може да стори ништо да ги промени, а ќе го изгуби душевниот мир.