Ако имате проблем со несоница, обидете се да избегнете препарати кои ќе ви помогнат да заспиете.

Практикувајте неколку активности пред спиењето кои ќе ви помогнат да го насочите вашиот ум и тело кон квалитетен одмор.

grayscale photo of sleeping woman lying on bed
Активен сон од најмалку 7-8 часа е неопходен за правилен раст и развој кај децата и за нормално функционирање кај возрасните и одржување на здравјето

Релакс терапија

Најмалку половина час пред спиење подгответе си топла бања, збогатена со ароматични релакс свеќи. Имајте секс со партнерот или нарачајте си масажа. Тоа ќе ви помогне да ги опуштите мускулите од вашето тело и да се нурнете во сон поскоро.

Насочување на мисли

Пред спиење насочете ги мислите дека денот е завршен и нема повеќе што да се прави пред да одите на спиење. Умот ќе го насочите на одмарање, а не на активност со тоа што ќе водите дневник, ќе си ја проверите дневната to do листа, ќе читате молитви или ќе медитирате.

Осамување

Најмалку еден час пред спиење намалете ги контактите со надворешниот свет. На тој начин ќе се насочите само и исклучиво на одмор и ниту една порака, повик или барање нема да ви го скрши сонот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде