Анти-епидемиолошките мерки имаат негативно влијание врз увозот на голем број производи, но истовремено доведоа до нагло скок на побарувачката за опрема за фитнес, бидејќи воведените мерки значително влијаеја на достапноста на спортски сали во повеќето земји.

Првиот бран на корона инфекции значително ја наруши меѓународната трговија во текот на почетокот на оваа година, па затоа падна увозот на опрема за фитнес во Европската унија.

woman performing yoga
Фактот што луѓето избегнуваат групирање во теретани и спортски сали, значително влијае врз зголемениот интерес за домашни фитнес справи

Сепак, дојде до нагло закрепнување во следните месеци, кога во јуни и јули беше увезена 44 и 42 проценти повеќе опрема во споредба со истите месеци во текот на 2019 година, пренесува Евростат.

Во претходните години, увозот на опрема за фитнес беше најголем во текот на зимата, на крајот на тековната и на почетокот на следната календарска година.

Главен партнер за увоз на таа опрема во ЕУ е Кина, која годинава беше одговорна за 73% од дополнителниот увоз во периодот од јануари до јули.

Другите главни увозници беа Тајван со учество од 9% во дополнителниот увоз, САД со 8% и Велика Британија со 5%.

Овие четири земји учествуваа со 95% во целиот дополнителен увоз на опрема за фитнес во ЕУ оваа година.