Понекогаш чувствувате дека со некои луѓе треба да ја прекинете врската затоа што станува токсична по вас или едноставно не се чувствуваате удобно во неа. Иако не можете да објасните што точно се случува, следете го вашето срце и прекинете го односот во кој се чувствувате лошо. 

Луѓето нема секогаш да ја почитуваат вашата слобода да го направите тој избор, но вие инсистирајте на тоа да го задржите суверенитетот во носењето на одлуките и не се правдајте никому за вашиот избор.

Во продолжение неколку совети како да постапите со луѓе кои бараат од вас да ги преиспитувате вашите одлуки и да им давате отчет за вашиот избор да прекинете со нив:

  • Избегнуваје разговор во кои чувствувате дека не сте почитувани 

Ако некој упорно инсистира да му давате одговор на прашање како што тој сака да слушне и не го почитува тоа што вие го кажувате веднаш прекинете го разговорот и заминете си.

Таа личност нема намера да дознае што ве мачи и да ја поправи работата, туку да ве малтретира, уценува и влева страв. Доколку се чувствувате загрозено – обратете се некому за помош, но не реагирајте на ист начин како личноста која ве напаѓа!

  • Продолжете понатаму

Кога ќе ставите крај на некој однос не се наврваќајте на ништо што ве поврзува со него. Продолжете понатаму и потрудете се да откриете во кои односи уживате и се чувсвувате навистина убаво.

Така ќе сфатите дека вашето чувство не можете да го излажете и дека секогаш треба да го изберете онаа чувство што ви е убаво и пријатно!

  • Луѓето сакаат да им се правдате бидејќи така ве држат во подредена позиција 

Ако некој смета дека извршил моќ и контрола врз вас и се доживува како ваш авторитет ќе бара да му ги правдате вашите постапки, зборови, чувства, постапки. Бидејќи на тој начин ја узурпира слободата да бидете тоа што сте!

Не потпаѓајте под притисок и не објаснувајте. Свртете се и продолжете понатаму на тој начин правите афирмација на ВАШАТА СЛОБОДА која е бесценета!

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Четири фенг шуи грешки кои сите ги правиме
Следната статијаПотполно бесплатен совет: Како да спречите избледување на облеката при перење?!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде