Повеќето од денешните детергенти за перење имаат прилично агресивно дејство, со цел да се отстранат сите нечистотии и масни наслаги, но покрај тоа, има и негативна страна на приказната. При добро перење често се случува да страда бојата на ткаенината. По кратко време ќе забележите дека бојата сè повеќе избледува.

Искусна домаќинка од Велика Британија открила како тоа да не ѝ се случи на вашите алишта, а трикот е толку едноставен што ќе се изненадите што претходно не ви паднало на памет.

Тиктокерка, која на оваа мрежа има профил наречен „доктор за облека“, каде споделува одлични трикови како домаќинството да биде што е можно полесно, покажа бесплатен трик кој ќе спречи вашата облека да избледи при перењето. Нејзин совет е секое парче да го превртите пред да го ставите во машината за перење.

Според неа, на овој начин облеката долго ќе ја задржи бојата, а доколку има вез или принт на материјалот (гума или пластика) ќе избегнете да го уништите поради високата температура на водата и „превртувањето“ во машината…

Дополнително, најважно е внатрешните делови, односно оние кои одат заедно со кожата да бидат чисти, и да се уништат сите бактерии.