Стареењето е природно, неизбежно и е наменето за секого.

Така, огромното мнозинство од нас пристапува кон животот, но не и генетичарот Дејвид Синклер.

Врз основа на неговите студии кои траат повеќе од две децении, тој тврди дека е можно да се одложи стареењето со неколку едноставни навики преку кои би имале подолг и поздрав живот.

Синклер верува дека тоа наскоро ќе биде можно со лекови, кои сe уште се тестираат, и веројатно ќе можеме да го запреме стареењето.

Научникот, кој има докторат на Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија и постдокторска стипендија од Американскиот институт за технологија во Масачусетс, води лабораторија на Универзитетот Харвард каде истражува зошто старееме.

За својата работа има добиено десетици научни награди.

Овој истражувач, исто така, поседува 35 патенти, и основал или е вклучен во работата на неколку биотехнолошки компании, од кои некои се посветени на забавување или спречување на стареењето.

Синклер е исто така автор на бестселерот „Човечката ера“ (Зошто старееме – и зошто не треба).

Во текстот, тој тврди, спротивно на општото гледиште, дека стареењето не е неизбежно.