Многу од родителите очекуваат децата да пораснат, па со нив да може да изградат поубав однос, пријателски односи и да бидат блиски.

Тие оставаат времето да проработи во нивна корист, а животот на децата да им ги приреди сите лекции за да може почувствувајќи ги проблемите на своја кожа да имаат повеќе разбирање и емоција за родителите.

Но вистината е дека односот на родителот и детето не може да се изгради во одмината возраст, тој ќе остане таков каков што бил во раната возраст.

Ако родителите го запоставуваат детето поради својата работа, се премногу авторитарни кон него, посесивни, строги, па понекогаш и неправедни, тогаш детето кога ќе стане возрасен кон нив ќе се однесува на идентичен начин.

Впрочем односот на возрасното дете кон неговиот родител е правопропорционално со односот на родителот кон детето во неговата рана возраст.

Ако, пак, кон детето сте биле полни со разбирање, емпатија, емотивност, демократски сте го воспитувале, отворено сте разговарале пред него за сите проблеми и сте му посветувале внимание, на истиот начин детето ќе ви одговори како возрасен.

Односот на родителите и децата зависи од односот на родителот кон детето во неговата рана возраст.

Сублимирано во една народна поговорка нивниот однос може да го опишеме како „Што сееш тоа и ќе жнееш“!