Аспергеров синдром (анг. AS или AD) е еден од неколкуте пореметувања од аутистички спектар (анг. ASD) кој се карактеризира со потешкотии во друштвената интеракција и ограничени, стереотипни интереси и активности.

Исто така се нарекува и Аспергерово пореметување или само Аспергер, иако, меѓу клиничките истражувачи нема многу голема согласност за тоа дали треба да се вика синдром или пореметување.

Аспергеровиот синдром се разликува од останатите пореметувања од спектарот на аутизмот по тоа што кај него, воопшто, нема застој во јазичниот и когнитивниот развој.

Сепак, во стандардните дијагностички критериуми не е спомната моторичката неспретност и атипичната употреба на јазикот, што се јавува често.

Синдромот го добил името по австрискиот педијатар, Ханс Аспергер, кој во 1944 година ги опишал децата кои очигледно имаат нормална интелигенција, но им недостасува вештина за невербална комуникација, физички се неспретни и не покажуваат емпатија.

Педесет години подоцна пореметувањето влегло во меѓународна класификација на болести (анг. ICD) и во дијагностички и статистички прирачник за ментални пореметувања (анг. DSM), но сепак останале нерешени прашања за неговите аспекти.

На пример постои сомневање околу тоа дали АС се разликува од високо функционалниот аутизам (анг. HFA); делумно и поради тие сомневања, неговата зачестеност не е цврсто установена.

Asperger Sydrome (Autism Spectrum Disorder) - Symptoms & TreatmentСимптоми:

  • Непотребно кревање врева
  • Не одговарање дури и на гласни звуци
  • Немање страв
  • Отсуство на интеракција со другите
  • Зборовите се слушаат неколку пати како ехо
  • Осаменост
  • Немање контрола во ракување со објекти