Во секое добро наоѓаат грешки, ви соочуваат со вашите недостатоци што се минорни на вашите успеси, гледаат детали за да прочитаат нешто меѓуредови и опседнати се со тоа да ви најдат маана.

Во животот не ви требаат луѓе кои ве интерпретираат, тие само сакаат да ја прикажат својата проекција за вас и да ви ги наметнат своите очекувања за тоа како вие треба да изгледате.

Најдобар начин да се ослободите од нив:
  • Прекинете ја комуникацијата 

Полека отстранете им ги сите пристапи до вас и прекинете ја комуникацијата со нив.

Секоја испратена порака може да ве чини неколку дена докажување, објаснување и расправии. Најдобро е комуникацијата да биде еднонасочна.

  • Не ги читајте нивните пораки

Што очекувате да слушнете од личност која имала доволно шанси во живтот да ви каже нешто поинаку од она што сте навикнале, а не ви го кажала.

Само што ќе го видите името или асоцијацијата на личноста што ја избегнувате, престанете со читање на пораките и испратете ги во канта за отпадоци.

Не дозволувајте да ви пренесат порака и да променат нешто кај вас ни на 30 секунди.

  • Не потпаѓајте на манипулации

Тие се манипулативни и секогаш ќе најдат начин да допрат до вас така што вие треба да се чувствувате како нивни должници.

Не се расправајте и не се бранете од нивното обвинение.

Нека ве обвинат за што било, тоа не е легитимен суд кој вам во животот треба нешто да ви значи.

Нивното обвинение не е валидно и тие не можат со тоа да ви направат апсолутно ништо штетно, само се гушат во сопствената потреба да нанесат зло.

Колку повеќе ги обесхрабрувате дека може да ви нанесат зло, толку повеќе злото им се враќа како бумеранг.

  • Не бидете искрени

Искреноста не ја заслужуваат сите, затоа не бидете и вие искрени со луѓето кои кон вас не се искрени.

Иако тие се неуморни од играње на игри и интриги најдобар начин е целосно да ги дистанцирате од себе.

Но која и изјава да излезе од вас, а да може да дојде до нив, нека биде неискрена и подложна на сликата за себе која вие сакате да ја испратите!