Објективистичките теории за убавина тврдат дека убавината се состои во симетрија и пропорција на поединечните делови од целото.

Сепак, кога се работи за убавина на луѓето постојат некои отстапки. Истражувањата покажуваат дека луѓето не сакаат идеални математички соосдноси кога се работи за човечка убавина.

Сигурно сте слушнале и дека добра генетика е заслужна за изгледот на една жена. И тоа во голема мера е точно, но не е единствениот услов жената да биде убава.

Убавината на жената се сосои и од нејзиниот однос кон самата себе.

Еве каков животен стил има убава жена:

  • Се негува себе си 

Убавата жена обрнува внимание на својот изглед. Тоа не значи дека за да бидете убава треба да поседувате цел куфер со козметика.

Но важно е да внимавате на својата хигиена и пристоен изглед.

Убава жена изгледа здраво бидејќи таа внимава на својата исхрана, физичка активност, на здравствената состојба и на здравјето општо.

  •  Убавата жена се почитува себе си 

Физичкиот изглед не е пресуден за некој да одава впечаток на „убав“.

Дека убавината е и „внетрешна“ докажува тоа што за привлечни ги сметаме оние луѓе кои се почитуваат самите себе иако немаат некоја специфична и изразена надворешна убавина.

Затоа, убавата жена се почитува себе си, своите одлуки, своето време, својата слобода и има личен пристап кон работите.

  • Односот кон другите 

Убавината во голема мера зависи и од односот кон другите луѓе.

Убава жена не завидува, не озборува, не сплеткари и другите луѓе не ги гледа како потенцијална опасност. Таа е свесна за себе и своите квалитети, исполнета и сигурна во себе. Од таа причина никогаш не се споредува со други жени.